Балкан

Во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка

На трката учествуваа стотици учесници во дедомразовски костуми кои трчаа на патеката долга два километри

Furkan Abdula  | 25.12.2022 - Обновена : 27.12.2022
Во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка Фото: Furkan Abdula/АА

СКОПЈЕ (АА) - Денес низ улиците на Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, јавува Агенција Анадолија (АА).

На трката учествуваа стотици учесници во дедомразовски костуми кои трчаа на патеката долга два километри, со старт од трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Пред трката се одржа и музичка програма, како и загревање со фитнес инструктор.

Трката се одржа во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв” од Скопје.

Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер, на кој учествуваа и деца во придружба на родителите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın