Балкан

Голоб: Словенија ќе ги почитува налозите на МКС за апсење на Нетанјаху и Галант

Во јуни словенечкото Собрание официјално ја призна Палестина како независна држава, со што стана најнова земја од Европската Унија што го направи тоа

Mustafa Talha Öztürk  | 22.11.2024 - Обновена : 23.11.2024
Голоб: Словенија ќе ги почитува налозите на МКС за апсење на Нетанјаху и Галант

БЕЛГРАД (АА) - Словенија ќе ги почитува налозите за апсење на израелските претставници издадени од Меѓународниот кривичен суд (МКС), истакна синоќа словенечкиот премиер Роберт Голоб, пренесува Анадолу.

Во владиното соопштение Голоб нагласува дека Словенија „целосно ќе ја почитува“ одлуката на МКС за издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.

Меѓународниот кривичен суд вчера објави дека издал налози за апсење на Нетанјаху и Галант за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа, вклучително и „военото злосторство изгладнување како метод на војување и злосторства против човештвото за убиства, прогон и други нечовечни акти“.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа што ги започна минатиот октомври.

Во јуни словенечкото Собрание официјално ја призна Палестина како независна држава, со што стана најнова земја од Европската Унија што го направи тоа.

Налозите доаѓаат во период кога израелската геноцидна офанзива во Газа влезе во втора година, период во кој се убиени околу 44.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца, а повредени се над 104.000.

Поради израелската офанзива раселено е речиси целото население на територијата, а тековната и намерна блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, доведувајќи го населението до раб на глад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.