Граѓаните во Кочани запалија свеќи во чест на настраданите во трагичниот пожар
По пожарот што избувна во неделата во 03:00 часот, во кој исто така беа повредени 155 лица, граѓаните запалија свеќи и положија цвеќиња во паркот во центарот на градот

КОЧАНИ (АА) – Граѓаните во Кочани запалија свеќи и положија цвеќиња во чест на жртвите од пожарот што избувна во ноќен клуб, во кој загинаа 59 лица, јавува Анадолу.
По пожарот што избувна во неделата во 03:00 часот, во кој исто така беа повредени 155 лица, граѓаните запалија свеќи и положија цвеќиња во паркот во центарот на градот.
Граѓаните се потпишаа и во спомен-книгата поставена во паркот, во која имаше и фотографии од жртвите кои ги загубија животите во пожарот.
Пожарот во Кочани е предизвикан од пиротехнички средства запалени за време на забавата, додека 22 лица од повредените се во тешка состојба.
Девет повредени се префрлени на лекување во Истанбул и Анкара со амбулантни авиони испратени од Туркије.
По инцидентот, Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна национална жалост.
Во меѓувреме, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка.