Балкан

Грција ги замрзна сите средства на потпретседателката на Парламентот на ЕУ обвинета за корупција

- Грчките власти денес го замрзнаа имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, по нејзиното приведување под обвинение за корупција, наводно поврзано со Катар, објавија локалните медиуми

Aysu Biçer  | 12.12.2022 - Обновена : 13.12.2022
Грција ги замрзна сите средства на потпретседателката на Парламентот на ЕУ обвинета за корупција

ЛОНДОН (АА) - Грчките власти денес го замрзнаа имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, по нејзиното приведување под обвинение за корупција, наводно поврзано со Катар, објавија локалните медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ева Каили, една од 14-те потпретседатели на европското законодавно тело од грчката централно-левичарска партија ПАСОК-КИНАЛ, била приведена во петокот од страна на белгиската полиција откако била претресена нејзината куќа, објави белгискиот весник „Ле Соар“.

Според грчкиот јавен радиодифузер ЕРТ, властите ги суспендирале и „банкарските сметки, сефовите, компаниите и другите финансиски средства“ на нејзините роднини.

Освен тоа, замрзнати се и банкарските сметки на компанијата за недвижности во Колонаки, која ја основале Каили и нејзиниот сопруг, соопшти ЕРТ.


- Катар ги отфрла обвинувањата

Катар ги отфрли „неоснованите и сериозно дезинформираните“ обвинувања за недолично однесување што го потресоа Европскиот парламент.

„Катар категорично отфрла какви било обиди да се поврзе со обвинувања за несоодветното однесување. Секое поврзување на катарската Влада со пријавените тврдења е неосновано и сериозно дезинформирано“, се вели во соопштението на мисијата на Доха во ЕУ во неделата.

Се додава дека заливската држава „работи преку ангажман од институција до институција и работи во целосна согласност со меѓународните закони и прописи“.

Таткото на Камили, исто така, бил приведен во петокот откако кај него пронашле голема количина пари во куфер, покажаа локалните извештаи.

Меѓу приведените заедно со Каили се и Лука Висентини, генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, како и Пјер Антонио Панцери, поранешен европратеник на Социјалисти и демократи од Италија, кој претседаваше со Парламентарниот поткомитет за човекови права.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.