Балкан

Грција ја продолжува борбата со шумските пожари на островот Родос

- Грчките власти вчера евакуираа стотици жители од селото Генади на грчкиот остров Родос поради шумските пожари. Повеќе од 20.000 луѓе, главно туристи, досега се евакуирани од Родос, соопштија властите.

Vesna Besic  | 26.07.2023 - Обновена : 27.07.2023
Грција ја продолжува борбата со шумските пожари на островот Родос Фото: Ахмед Абаси / АА

АТИНА (АА) - Грчките власти вчера евакуираа стотици жители од селото Генади на грчкиот остров Родос поради шумските пожари, јавува Анадолу.

Повеќе од 20.000 луѓе, главно туристи, досега се евакуирани од Родос, соопштија властите.

Министерството за климатски промени и цивилна заштита редовно споделува информации за да им обезбеди на цивилите упатства и детали за евакуација.

Грчката противпожарна служба вчера објави дека островот Евија и неколку други региони, вклучително и Централна Атика, се соочуваат со екстремен ризик од пожар, додека другите региони се со многу висок или висок ризик.

Пожарите ја пустошат Грција од минатата недела, а неколку земји дадоа помош во гаснењето на пожарите во кои изгореа куќи и шуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın