Балкан

Дојава за бомби во зградата на МНР на Северна Македонија

- До Министерството за надворешни работи на Северна Македонија пристигна електронска пошта дека во зградата се поставени експлозивни направи

Furkan Abdula  | 12.12.2022 - Обновена : 13.12.2022
Дојава за бомби во зградата на МНР на Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - До Министерството за надворешни работи на Северна Македонија пристигна електронска пошта дека во зградата се поставени експлозивни направи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи“, информираа од прес-службата на министерството.

Министерството веднаш ги известила соодветните служби во Министерството за внатрешни работи на земјата, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана.

„Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, се нагласува во соопштението на МНР.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.