Балкан

Ердоган: „Туркије и Босна и Херцеговина се договорија за патување без пасоши“

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Анкара и Сараево одлучиле да им дозволат на своите граѓани да патуваат меѓусебно без пасоши

Diyar Güldoğan  | 06.09.2022 - Обновена : 07.09.2022
Ердоган: „Туркије и Босна и Херцеговина се договорија за патување без пасоши“ Фото: Мурат Четинмухурдар / АА

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Анкара и Сараево одлучиле да им дозволат на своите граѓани да патуваат меѓусебно без пасоши, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сега донесовме одлука да (овозможиме) патување меѓу Босна и Херцеговина и Туркије со лични карти“, изјави Ердоган на прес-конференцијата во Сараево заедно со тројцата членови на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина.

Ердоган изјави дека Туркије и Босна и Херцеговина во моментов работат на патување без пасоши, додавајќи дека тоа наскоро ќе стапи во сила.

Претседателот рече дека односите меѓу Туркије и Босна и Херцеговина се „исклучителни“, изразувајќи поддршка за територијалниот интегритет и стабилност на земјата.

Ердоган повтори дека Туркије е подготвена да даде сè од себе за да се надминат сегашните тешкотии во Босна и Херцеговина.

„Да се биде овде на 30-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи ѝ дава на нашата посета историски карактер“, рече тој.

Од своја страна, бошњачкиот член и актуелен претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, рече дека Туркије и Босна Херцеговина имаат пријателски односи, а нивните историски и културни врски се силни, додавајќи дека сакаат да ги зајакнат врските со Анкара.

Џаферовиќ рече дека Босна и Херцеговина сака да го прошири обемот на билатералната трговија со Туркије на 1 милијарда долари.

Тој, исто така рече дека ја цени улогата на Туркије во посредувањето меѓу Русија и Украина за дозволување извоз на жито.

- Тензии со Грција

Ердоган го повтори предупредувањето до Грција, велејќи: „Одеднаш, можеме да дојдеме преку ноќ.“

„Тие имаат острови, има бази на овие острови... и ако продолжат овие нелегитимни закани против нас, ќе има крај на нашето трпение“, рече тој.

Турските авиони ангажирани во мисиите на НАТО над Егејското Море и Источниот Медитеран на 23 август беа вознемирувани од рускиот систем за воздушна одбрана С-300 стациониран на грчкиот остров Крит.

Според извори од турското Министерство за национална одбрана, Грција го нарушила воздушниот простор и територијалните води на Туркије над 1.100 пати само во првите осум месеци од оваа година.

Тукије, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, се пожали на повторените провокативни акции и реторика од страна на Грција во регионот во последните месеци, вклучително и вооружувањето на островите во близина на турските брегови кои се демилитаризирани според договорот, велејќи дека таквите потези ги оневозможуваат нејзините напори со добра волја за мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.