култура и уметност, Балкан

Котор - црногорски град на мачки кој на посетителите им пружа средновековна атмосфера

- Се верува дека мачките го штитат градот од злото, а денес се неизбежен мотив на которските сувенири

Gorana Jakovljevic  | 01.07.2023 - Обновена : 03.07.2023
Котор - црногорски град на мачки кој на посетителите им пружа средновековна атмосфера Фото: Елман Омиќ

КОТОР (АА) - Градот Котор во Црна Гора, на брегот на Јадранското Море, дом е на илјадници мачки, а на своите посетители им пружа вистинска средновековна атмосфера, известува Анадолу.

Котор се смета за најубавиот град на Бока Которска. Тој е симбол на традицијата, културата и историјата на поморството, медитеранството и венецијанството во Црна Гора.

Котор, град на трговците и познатите морепловци, основан е од страна на Римјаните во 168 година, а се смета за најдобро сочувана средновековна урбана средина. Средновековната архитектура и многубројните споменици на културното наследство го вметнаа Котор на листата на светско природно и културно наследство на УНЕСКО во 1979 година.

Камените згради со разнобојно цвеќе на прозорците и дрвени капаци, продавниците и црквите ги враќаат посетителите од сите страни на светот во минатото.

Мачките, исто така, низ историјата доаѓале во овој град, останувале во него и опстојувале благодарение на храната што им ја давало локалното население. Се верува дека тие го штитат градот од зло, а посетителите ги дочекуваат уживајќи под сончевите зраци на градските ѕидини и тротоари.

Поради верувањето дека го чуваат градот, мачките станаа заштитен знак на Котор. Бројни продавници нудат разновидни сувенири со лик на мачки, а во Котор има и Музеј на мачките.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın