Магичните бои на есента на северот на Херцеговина
– Прекрасните бои на есента, кои никого не го оставаат рамнодушен, снимени се од фоторепортерот на Агенција Анадолу во босанскохерцеговската Општина Прозор-Рама.
ПРОЗОР (АА) - Есента е сезона со најтопли, најинтензивни бои и најразновидни текстури на природата, известува Анадолу.
Токму такви бои на есента, кои никого не го оставаат рамнодушен, снимени се од фоторепортерот на Агенција Анадолу во босанскохерцеговската Општина Прозор-Рама.
На восхитувачките фотографии може да видите прекрасни сцени и недопрена природа во есенски бои во тој дел од Босна и Херцеговина.
Автентичното босанско село Шќипе, недалеку од Прозор, опкружено со природа во есенски бои, изгледа како кадар од најубавите бајки.
Промените на боите, од зелена во црвена, жолта, портокалова, жолто-зелена, па дури и виолетова, се дел од природниот процес што на листопадните дрвја им овозможува да ја преживеат студената и сурова зима.
Покрај тоа, за уметниците есента отсекогаш била неисцрпен извор на идеи и време за собирање нова енергија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.