Балкан

Неуспешен и петтиот обид за конституирање на Собранието на Косово

Конститутивната седница е одложена за 48 часа, односно за петок во 10:00 часот

Agim Sulaj  | 23.04.2025 - Обновена : 24.04.2025
Неуспешен и петтиот обид за конституирање на Собранието на Косово Фото: Erkin Keçi/АА

ПРИШТИНА (АА) – Новите пратеници на деветтиот состав на законодавниот дом на Косово, кои положија заклетва минатата недела, уште еднаш, по петти пат, не успеаја да обезбедат мнозинство за избор на нов претседател на Собранието, јавува Анадолу.

На конститутивната седница на косовското Собрание, на која присуствуваа 117 пратеници, пратеникот Глаук Коњуфца рече дека најголемата партија, Движењето Самоопределување, повторно ја предлага Албулена Хаџиу за претседател на Собранието.

Коњуфца побара од пратениците да гласаат за Хаџиу и да го деблокираат патот за создавање нови институции.

За Хаџиу гласаа вкупно 57 пратеници, 46 беа против, и тројца воздржани.

Седницата е одложена за 48 часа, односно за петок во 10:00 часот.

Инаку, конститутивната седница започна на 15 април, но проблеми имаше уште на самиот почеток поради што не беа потврдени пратеничките мандати, а тоа се случи и два дена подоцна. Пратеничките мандати беа потврдени во третото продолжение на седницата, на 19 април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.