Одбележана 123-годишнината од дипломирањето на Ататурк во Воената гимназија во Битола
Комеморативна церемонија по повод 123-годишнината од дипломирањето на големиот турски лидер Мустафа Кемал Ататурк се одржа на Воената гимназија во Битола
БИТОЛА
Комеморативна церемонија по повод 123-годишнината од дипломирањето на големиот турски лидер Мустафа Кемал Ататурк се одржа на Воената гимназија во Битола, известува Агенција Анадолија (АА).
Церемонијата се одржа во поранешната Воена гимназија во Битола што се користи како градски музеј. На церемонијата учествуваа турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, заменик-началникот на Генералштабот на Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-министерот за одбрана на Северна Македонија, Башким Хасани, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Турската демократска партија во Северна Македонија (ТДП) и пратеник, Бејџан Иљас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Северна Македонија (ДНЕТ), Ердоган Сарач, претставници на турските институции и организации во земјата и гости.
Церемонијата започна со едноминутно молчење и интонирање на националните химни на двете земји.
Амбасадорот Секизќок во своето обраќање рече дека од март 1896 година во Битола почнала да се формира инфраструктурата на интелектуалниот живот на Мустафа Кемал, кој своето образование го продолжил тука во военото училиште.
Зборувајќи дека покрај многубројните особини на Ататурк, кој е многу почитуван во светот, тој бил мирољубив и напреден, амбасадорот Секизќок истакна дека мотото на Ататурк „Мир дома, мир во светот“, треба да се оцени во рамките на интегритетот на внатрешната и надворешната политика.
„Овој принцип ја изразува целта на една нација да постои во мир и безбедност во сопствените граници од една страна, и целта на сите народи да живеат заедно во мирна и спокојна средина, од друга страна, што со други зборови ја изразува неделивоста на меѓународниот мир и безбедност“, рече Секизќок.
Истакнувајќи дека Ататурк, кој се образувал на овие простори и се поврзувал со богатата културна атмосфера на оваа земја, татковината на турската заедница во Северна Македонија, еден од основачките народи на земјата, претставува мост на пријателство меѓу двете земји, Секизќок нагласи дека секогаш се горди што длабоко вкоренетата историја и заедничката култура се извор на богатство за народите на двете земји.
- „Мустафа Кемал Ататурк го изгради мостот на пријателство меѓу Северна Македонија и Турција“
Генерал-мајор Азим Нуредин, заменик-началник на Генералштабот на Северна Македонија, го изрази своето задоволство што учествува на церемонијата во чест на Мустафа Кемал Ататурк.
Зборувајќи дека Мустафа Кемал Ататурк го изградил мостот на пријателство меѓу Северна Македонија и Турција, Нуредин рече: „Го цениме, го градиме и го почитуваме ова пријателство и од историски, политички, економски и културен аспект.“
Потсетувајќи дека двете пријателски земји имаат посебна соработка на полето на одбраната, што започна во 1994 година, Нуредин потсети дека односите започнале со обуката на нивниот висок персонал во престижните турски воени центри за обука.
Нагласувајќи дека во изминатите години континуирано ги зајакнувале меѓусебните односи и довербата меѓу армиите на двете земји со реализација на заедничка обука и вежби, генерал-мајор Нуредин истакна дека соработката меѓу армиите е дополнително проширена како сојузници на НАТО и е обезбедена интероперабилност на армиите во Алијансата.
Своето обраќање генерал-мајор Нуредин го заврши со зборовите на Ататурк „Мир дома, мир во светот“ на македонски и турски јазик.
- „Да го сочуваме споменот на Ататурк, големиот лик кој ги обедини двата народа“
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во својот говор во Спомен-собата на Ататурк, изразувајќи го своето задоволство што е домаќин на овој настан, истакна: „Чест и задоволство ми е да бидам ваш домаќин денес тука како граѓанин и градоначалник на овој град. Да го чуваме споменот на големиот лик на Ататурк кој ги спои двата народа.“
Воениот аташе на турската Амбасада во Скопје, полковник Серкан Чакир, истакна дека огромно е местото и значењето на Северна Македонија во турскиот културен живот.
Истакнувајќи дека основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, имал голем удел во формирањето на силната врска меѓу двете земји, Чакир рече: „Многу сме возбудени и среќни што сме во пријателска земја со која имаме заеднички политички, историски, економски и социо-културни врски и што го дишеме воздухот на оваа земја.“
По говорите, гостите ја посетија Спомен-собата на Ататурк, каде што амбасадорот Секизќок се потпиша во спомен-книгата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.