Балкан

Ослободени тројцата косовски полицајци

- Ослободени се тројцата косовски полицајци кои беа приведени од српските сили на 14 јуни во пограничното подрачје во северниот дел на Косово

Zylfije Adem Jakupi  | 26.06.2023 - Обновена : 27.06.2023
Ослободени тројцата косовски полицајци

ПРИШТИНА (АА) - Ослободени се тројцата косовски полицајци кои беа приведени од српските сили на 14 јуни во пограничното подрачје во северниот дел на Косово, пренесува Анадолу.

Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, го потврди тоа и на социјалната мрежа Фејсбук со зборот „конечно“ и со слика на која е тој со тројцата косовски полицајци.

Претходно Хаџоли имаше најавено дека Рифат Зека, Бекир Сефа и Мустафа Шеми денес ќе излезат пред Судот во Краљево, кој им имаше одредено 30 дена притвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.