Пленковиќ за разрешувањето на Берош: „Згрозен што некој во здравството ја користи својата позиција за да се збогати“
- Утринава во акцијата на УСКОК беше уапсен хрватскиот министер за здравство Вили Берош, а потоа е итно разрешен од должноста со одлуката на премиерот Пленковиќ
ЗАГРЕБ (АА) - Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека е загрозен од тоа кој било во составот на здравството да ја користи својата позиција за да се збогати, откако утринава во акцијата на УСКОК беше уапсен министерот за здравство Вили Берош, а потоа итно беше разрешен од должноста со одлуката на Пленковиќ, јавува Анадолу.
„Сите знаете дека во рамките на акцијата на УСКОК е уапсен поранешниот министер Вили Берош и уште две лица, за што по апсењето ме извести државниот обвинител. Берош веднаш беше разрешен од должноста, јас ја назначив државната секретарка да управува со Министерството до стапување на должност на новиот министер. Лично сум загрозен дека кој било во составот на здравството ја користи својата позиција за збогатување. Станува збор за незаконитости, а Министерството за здравство е чувствителен ресор“, изјави Пленковиќ на вонредната прес-конференција.
Во акцијата на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал утринава е уапсен државниот министер за здравство Вили Берош, а претходно е извршен претрес во неговата куќа во загрепската населба Јарун. Кратко потоа е објавена одлуката на премиерот Пленковиќ за разрешување на Берош од министерската должност и дека е назначена Ирена Хрстиќ како државна секретарка која управува со Министерството за здравство до стапување на должност на новиот министер.
Полицијата влезе и изврши претрес во куќата на Берош во загрепската населба Јарун, потоа следуваше апсење.
Акцијата е спроведена, поради, како што се наведува, незаконитост во набавката на медицинска опрема на неврохирургија во загрепската болница Винград.
Според неофицијалните информации, во акцијата на УСКОК има уште уапсени.
„Апсењата и спроведувањето итни доказни дејствија се резултат на истраги кои претходно ги спроведе УСКОК. Споменатите дејствија се спроведуваат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е високо рангиран владин функционер, за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. УСКОК по распит на осомничениот ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметот, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.
Вили Берош беше министер за здравство четири години.
Пленковиќ на прес-конференцијата рече дека одлуката за разрешување на Берош ја донел утринава, веднаш штом дознал за какви кривични дела се работи и додаде дека Државното правобранителство на Република Хрватска (ДОРХ) има целосна поддршка.
За денешниот случај се огласи и Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб.
„Европското јавно обвинителство во Загреб започна истрага против осум лица, меѓу кои и министерот за здравство и одговорните лица на две загрепски болнички установи и две правни лица, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела прифаќање и давање поткуп, злоупотреба на позицијата и овластувањата и перење пари“, соопштија од ЕППО.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.