Балкан

Претставништво на АСЕЛСАН Балканс отворено во Скопје

По сечењето лента од страна на членовите на протоколот, претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Ѓорѓун, ги информираше гостите за АСЕЛСАН Балканс.

Dzihat Aliju  | 02.09.2024 - Обновена : 05.09.2024
Претставништво на АСЕЛСАН Балканс отворено во Скопје Фото: Џихад Алију

СКОПЈЕ (АА) - Претставништво на АСЕЛСАН Балканс е отворено во Скопје, известува Анадолу.

На свеченото отворање присуствуваа заменик-началникот на Генералштабот на Aрмијата на Северна Македонија, Азим Нуредин, претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Халук Ѓорѓун, генералниот директор на АСЕЛСАН, Ахмет Акјол, амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претставници на турските институции и организации во земјата и други гости.

По сечењето лента од страна на членовите на протоколот, претседателот на Oдбранбената индустрија на Туркије, Ѓорѓун, ги информираше гостите за АСЕЛСАН Балканс.

Во изјавата за медиумите, Ѓорѓун го изрази своето задоволство што е присутен на отворањето на претставништвото на АСЕЛСАН, коe ќе му служи на Балканот.

Посочувајќи дека Tурската одбранбена индустрија постигнала важен напредок последниве години, Ѓорѓун истакна:

„Таа го продолжува својот одржлив развој заедно со пријателските и сојузничките земји. Минатата недела отворивме претставништво на друга компанија на Далечниот Исток. Денес го отвораат претставништвото на АСЕЛСАН на Балканот. Ова претставништво го отворивме на локација од каде може да се стигне во рок од час или два по потреба до каде било во овој регион, кој го нарекуваме Балкан, со цел да се зголеми квалитетот на услугите и сервисот што треба да се обезбедува во континуитет. Водиме сметка сиот наш развој, сите наши можности да ги споделиме со пријателските и сојузничките земји и да работиме заедно.“

Генералниот директор на АСЕЛСАН, Акјол, нагласи дека одбранбената индустрија забележала сериозен пробив во Туркије под раководство на Претседателството на одбранбените индустрии и додаде дека АСЕЛСАН е еден од важните играчи во овој сектор.

Потсетувајќи дека АСЕЛСАН е една од 10-те најбрзо растечки компании од одбранбената индустрија во светот оваа година, Акјол рече:

„Ние се искачивме од 47. на 42. место во рангирањето на светската одбранбена индустрија. Во ова наше патешествие, за главна цел си поставивме овие надлежности да ги зближиме со пријателските и братските земји преку меѓународна соработка. Денеска претставништвото на АСЕЛСАН Балканс е отворено во Скопје, место со кое имаме историска поврзаност и културни врски, и место коешто ќе може да им служи на сите пријателски и сојузнички земји.“

Наведувајќи дека во тој контекст ја развиле оваа меѓународна структура со цел од близу да им се даваат услуги на корисниците од овие простори, да ги поддржат локално и да ги споделат своите надлежности со пријателските и братски земји, Акјол истакна дека верува дека канцеларијата на АСЕЛСАН Балканс ќе биде од корист и за регионот и за земјата и ќе помогне во зголемувањето на соработката.

Заблагодарувајќи им се на сите засегнати страни во Северна Македонија и на Балканот за нивната поддршка, Акјол додаде дека сите земји од Балканот ќе бидат во доменот на должностите на претставништвото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.