Балкан

Продлабочена политичката криза во Бугарија откако Радев одби да ја одобри новата привремена влада

- Политичката криза во Бугарија се продлабочи откако претседателот на државата, Румен Радев, одби да ја одобри новата привремена влада бидејќи во неа ќе остане поранешниот министер за внатрешни работи Калин Стојанов

Almir Terzic  | 20.08.2024 - Обновена : 21.08.2024
Продлабочена политичката криза во Бугарија откако Радев одби да ја одобри новата привремена влада

СОФИЈА (АА) - Политичката криза во Бугарија се продлабочи откако претседателот на државата, Румен Радев, одби да ја одобри новата привремена влада бидејќи во неа ќе остане поранешниот министер за внатрешни работи Калин Стојанов, јавува Анадолу.

Според бугарската новинска агенција БТА, првпат во модерната историја на Бугарија претседателот на државата го отфрли предложениот состав на привремената влада, откако Радев во понеделникот го одби предлогот на Горица Гранчарова-Кожарева. Тој го отфрли предлогот бидејќи во 19-члената влада меѓу 15-те членови на привремената техничка влада на Димитра Главчев беше и министерот за внатрешни работи Стојанов.

На претставничката ѝ дал рок до 15 часот, но таа одбила бидејќи одлуката ја донела по длабоко размислување. Радев тогаш најави дека тоа значи дека на 20 октомври нема да се одржат предвремени парламентарни избори, како што беше планирано.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, Радев и прозападниот либерално-конзервативен сојуз „Да ги продолжиме промените - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) бараат смена на Стојанов затоа што тој не е способен да организира фер избори. Стојанов, пак, тврди дека ПП-ДБ бара негово разрешување бидејќи не ги исполнил условите за назначувањето.

Во одбрана на Стојанов, полицајци се собраа пред Канцеларијата на претседателот на државата и пред полициските станици во повеќе градови. ПП-ДБ е обвинета дека поради партиски политички причини се обидела да го контролира Министерството за внатрешни работи поради претстојните избори. Привремената премиерка Гранчарова-Кожарева поднесе жалба до јавниот обвинител поради наводен политички притисок врз неа, во преодната влада да не остане актуелниот министер за внатрешни работи.

Ова ја продлабочи политичката криза во Бугарија, која се соочува со седми парламентарни избори во последните три и пол години, но нема привремена влада да ги организира. Не се знае кога ќе се одржат предвремените избори.

Маневарскиот простор на Радев при назначувањето нов привремен премиер е ограничен на тесен круг високи функционери. Во исто време, сите можни кандидати за таа функција веќе се откажаа од кандидатурата, вклучително и актуелниот премиер кој ја извршува функцијата. Затоа Радев денеска го повика Парламентот да го прошири кругот на носители на високи функции од кои може да избере привремен премиер.

Привремената влада, која даде заклетва на 9 април по неуспехот на прозападната коалициска влада, ќе остане на функцијата. Именувањето на новата привремена влада по предвремените парламентарни избори на 9 јуни, сепак, најверојатно ќе биде одложено, особено затоа што Парламентот е на летен одмор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.