Балкан

Пронајдено е телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите во Коњиц

- На подрачјето на градот Коњиц е пронајдено уште едно безживотно тело, а станува збор за последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, со што потрагата во сите БиХ е завршена

Kemal Zorlak  | 16.10.2024 - Обновена : 16.10.2024
Пронајдено е телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите во Коњиц

КОЊИЦ (АА) - На подрачјето на градот Коњиц е пронајдено уште едно безживотно тело, а станува збор за последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, со што потрагата во сите босанскохерцеговски градови е завршена, јавува Анадолу.

„Моите колеги штотуку ме информираа дека едно лице е пронајдено во областа Коњиц, со што е завршена потрагата по исчезнатите“, изјави за Анадолу, новинарот Сабахудин Спаховиќ од Федералната управа за цивилна заштита (FUCZ).

Вкупно пет лица загинаа во подрачјето на Коњиц. Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена.

Во Јабланица вчера се одржа колективна погребна молитва за 19 жртви од поплавите на подрачјето на таа општина, поточно Долна Јабланица.

Во поплавите и свлечиштата што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на месецот, загинаа вкупно 27 лица, од кои 19 во областа Јабланица, пет во Коњиц и уште три во Фојница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın