Балкан

Радев по состанокот со Беќировиќ и Цвијановиќ ги поздрави конструктивните односи на БиХ и НАТО

- Малку се знае во јавноста дека првата босанска кралица всушност била бугарската принцеза Доротеја. Значи, имаме силни врски меѓу бугарската и босанската држава уште од средниот век, рече Беќировиќ

Gorana Jakovljevic, Alma Dekovic  | 16.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Радев по состанокот со Беќировиќ и Цвијановиќ ги поздрави конструктивните односи на БиХ и НАТО Фото: АА

САРАЕВО (АА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, ги поздрави конструктивните односи меѓу Босна и Херцеговина и НАТО, известува Анадолу.

„Чекорите што ги презема вашата земја на полето на зајакнување на одбранбените капацитети се многу значајни и важни“, рече претседателот на Бугарија во Сараево.

Радев беше свечено пречекан со воени почести од членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, по што лидерите одржаа заедничка средба, како и средба на делегациите на двете земји.

Радев рече дека Босна и Херцеговина и Бугарија поминале долг пат, но дека односите меѓу двете земји и ден денес остануваат пример за искрено пријателство, додавајќи дека дијалогот на највисоко политичко ниво е неопходен услов за развој на односите во сите области што се од взаемен интерес.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите во поплавите, наведувајќи дека Босна и Херцеговина не е сама и дека како надополнување на првата помош на БиХ што и ја даде, Бугарија стои на располагање за потребната помош како на националниот ниво и така и како членка на Европската Унија (ЕУ).

Радев информираше дека разговарале за заедничките предизвици во однос на безбедноста, условите за економски развој, демографските проблеми, поврзаност, можностите за размена на неколку полиња, меѓу кои и економска.

„Во однос на безбедноста, сакам јасно да истакнам дека за нас безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина е прашање од стратешко значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Затоа потврдувам дека Бугарија останува цврсто ангажирана во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина, бидејќи сме убедени дека таа е од клучно значење за гарантирање на таа безбедност и стабилност“, рече Радев.

Тој посочи дека ги разгледале можностите за проширување на соработката во сферата на безбедноста и одбраната и можноста, покрај образовната размена и воспоставувањето врски меѓу високите школи кои ќе организираат и размени меѓу високоте школи, воените училишта и академиите.

Зборувајќи за економијата, тој рече дека економската размена меѓу двете земји има голем неискористен потенцијал. Радев истакна дека размислуваат за зајакнување на економската соработка, трговијата, енергетиката, инфраструктурата и информатичките технологии, потенцирајќи дека особено внимание посветиле на потребата од поттикнување на соработката во областа на туризмот, културата и образованието.

Тој посочи дека членството во ЕУ и реформите на патот кон тоа членство се многу важни.

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ по средбата рече дека Босна и Херцеговина и Бугарија традиционално имаат искрени и добри пријателски односи. Беќировиќ потсети дека Бугарија е првата земја во светот што ја призна независноста на Босна и Херцеговина во 1992 година.

„Се разбира, нашите пријателски односи постојат и пред 1992 година. Можеби е малку познат факт во јавноста, но првата босанска кралица всушност била бугарската принцеза Доротеја. Значи, имаме силни врски меѓу бугарската и босанската држава уште од средниот век. Нашите земји сакаат да ја интензивираат севкупната соработка и во тој контекс, посетата на почитуваниот претседател Радев е придонес за интензивирање на тие односи во наредниот период“, рече Беќировиќ.

Тој додаде дека Босна и Херцеговина со нивниот бугарски колега сакаат посилни политички, економски и сите други врски меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.