Русија донираше 30 тенкови и 30 оклопни возила на Војската на Србија
„Станува збор за донација на Руската Федерација за Армијата на Република Србија во вредност од околу 75 милиони евра, која се состои од 30 оклопни транспортери БРДМ-2МС и 30 модернизирани тенкови Т-72 МС, врз основа на договорот од Сочи...“
БЕЛГРАД (АА) - Русија на Србија ѝ донираше тенкови Т-72МС и оклопно извидувачки возила БРДМ-2МС во вредност од околу 75 милиони евра, чие примопредавање е извршено во касарната „Мија Станимировиќ“ во Ниш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Станува збор за донација на Руската Федерација за Армијата на Република Србија во вредност од околу 75 милиони евра, која се состои од 30 оклопни транспортери БРДМ-2МС и 30 модернизирани тенкови Т-72 МС, врз основа на договорот кој во Сочи го склучија двајцата претседатели Вучиќ и Путин. Ние сме ѝ многу благодарни на Руската Федерација, бидејќи ова е значајно засилување за Војската на Србија“, рече министерот за одбрана Небојша Стефановиќ по завршувањето на примопредавањето.
Тој потсети дека во ноември во Ниш е прикажан првиот дел од оваа донација, 11 тенкови Т-72 и десет оклопни транспортери.
„Денес, кога тие се комплетирани и кога се всушност двата, тенковски баталјон и баталјонот BRDM-2MS дополнети, ние го презентираме ова вооружување, кое ќе оди во Копнената војска, и кое значително ќе ги подобри нашите оперативни способности“, истакнал Стефановиќ, соопшти ресорното Министерство.