Семра Рашити, ja научи калиграфската уметност во Туркије и отвори ателје во Старата скопска чаршија
„Ова го користам многу пати како шега; ми снема хартија и почнав да цртам по ѕидовите. Полека ги цртав ѕидовите со боите што ги имав дома. Понекогаш цртав по чаши. Полека, полека, почнав да навлегувам подлабоко во уметноста.“
СКОПЈЕ (АА) - АЈДИН АЛИЈИ -
Калиграфката Семра Рашити од Скопје, која ги научи и турскиот јазик и изработката на разни ракотворби благодарение на нејзиниот интерес кон Туркије, ги услужува клиентите заинтересирани за нејзината уметност во своето ателје во Скопје, пишува Анадолу.
Рашити, која е студент по архитектура и покажува интерес за ракотворби, на новинарот на АА му раскажа за процесот на изучување на турскиот јазик и за различните ракотворби од кои едната е калиграфија.
Појаснувајќи дека турскиот јазик ја интересира уште од детството, Рашити рече дека прво се обидела да го научи преку ТВ-сериите што ги гледала.
Таа рече дека кога имала можност да оди на одмор во Туркије, сфатила дека знае повеќе турски отколку што мислела и додаде:
„По враќањето се запишав во Институтот 'Јунус Емре' (ИЈЕ) во Скопје за подобро да научам турски јазик. Тука го започнав курсот од ниво Б2.“
- „Благодарение на ИЈЕ, навлегов подлабоко во турската култура“ -
Раскажувајќи дека турскиот јазик го подобрила благодарение на следењето на наставата во една од летните школи организирани од ИЈЕ, Рашити рече:
„Додека престојував во Туркије имав можност да научам многу работи, не само турски. Се запознав со многу гранки на уметноста, турската култура и ја пробав турската храна. Благодарение на ИЈЕ, подлабоко навлегов во турската културата.“
Рашити рече дека покажала интерес кон уметноста уште од мали нозе и дека имала можност повеќе да се занимава со уметноста за време на епидемијата на Ковид-19 во периодот на полицискиот час.
Споделувајќи спомен од периодот на епидемијата, Рашити рече:
„Ова го користам многу пати како шега; ми снема хартија и почнав да цртам по ѕидовите. Полека ги цртав ѕидовите со боите што ги имав дома. Понекогаш цртав по чаши. Полека, полека, почнав да навлегувам подлабоко во уметноста.“
- Турските туристи често ја посетуваат работилницата на Рашити -
Рашити изјави дека нејзиното семејство многу ја поддржало во процесот на отворањето на ателјето во Старата скопска чаршија.
Наведувајќи дека туристите од Туркије често го посетуваат нејзиното ателје, Рашити рече:
„Тие не доаѓаат овде само за да ја видат уметноста или да купат уметнички дела и други производи. Понекогаш доаѓаат, се среќаваат со другите посетителите и разговараат меѓусебно.“
Осврнувајќи се на активностите во нејзината работилница, Рашити рече дека создава различни дела како калиграфија, витраж и ѕидна уметност.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.