Балкан

Скриен шумски рај - есен кај водопадите Козице

- Во сенката на вековните шуми, три помали и два поголеми водопади, се спуштаат по стрмните карпи во кристално чиста вода од височина од околу 20 метри.

Vesna Besic  | 03.11.2024 - Обновена : 04.11.2024
Скриен шумски рај - есен кај водопадите Козице Фото: Самир Јордамовиќ

ФОЈНИЦА (АА) - Водопадите Козице се вистински скриен шумски рај оддалечени 10 километри од Фојница, во Босна и Херцеговина (БиХ), известува Анадолу.

Иако е познато по термоминерално лекувалиште и фрањевскиот манастир изграден во 14 век, местото Фојница крие и бројни природни убавини како што се Прокошкото езеро и водопадите Козице.


Водопадите Козице се малку познат локалитет и малку позната дестинација поради лошата патна инфраструктура. Сепак, станува збор за место каде има што да се види и доживее. Овој природен скапоцен камен се наоѓа на десет километри од Фојница.

Асфалтиран пат се протега до раскрсницата за селата Драгачиќи и Владавиќи, од каде започнува макадамски пат. Во сенката на вековните шуми, три помали и два поголеми водопади, се спуштаат по стрмните карпи во кристално чиста вода од височина од околу 20 метри.

Ова е идеално место каде што ќе ја доживеете природата во нејзината целосна форма, но и ќе се одморите од секојдневните обврски и градската врева.

Есента е сезона со најтопли, најинтензивни бои на природата и најразновидни текстури.

Токму тие бои на есента, кои никого не оставаат рамнодушен, ги сними фоторепортерот на Агенција Анадолу кај водопадите Козице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın