Балкан

Словенија праќа хеликоптер во Северна Македонија како помош во гаснењето на пожарите

Ова е третпат Словенија да одговори на повикот на Северна Македонија за помош преку механизмот на Европската Унија во областа на цивилната заштита во последниот месец

Almir Terzic  | 09.08.2024 - Обновена : 10.08.2024
Словенија праќа хеликоптер во Северна Македонија како помош во гаснењето на пожарите

ЉУБЉАНА (АА) - Словенија повторно праќа хеликоптер во Северна Македонија како помош во гаснењето на пожарите. Одлуката е донесена на телефонска седница на Владата на Словенија, јавува Анадолу.

Владата праќа хеликоптер Кугар на словенечката армија со екипаж во Северна Македонија за да помогне во борбата против шумските пожари. Хеликоптерот утре ќе биде пратен за Северна Македонија за период од седум дена, соопшти словенечкото Министерство за одбрана.

Како што се додава, покрај хеликоптерот, во Северна Македонија ќе бидат пратени шест припадници на словенечката војска и двајца припадници на Управата за заштита и спасување.

Ова е третпат Словенија да одговори на повикот на Северна Македонија за помош преку механизмот на Европската Унија во областа на цивилната заштита во последниот месец. Екипи на словенечката армија и на Управата за заштита и спасување и на словенечката полиција помагаа во Северна Македонија во периодот од 16 до 20 јули и од 1 до 5 август, кога на помош пратија и хеликоптер.

Северна Македонија долго време се бори со големи шумски пожари што предизвикуваат огромни штети. Поради пожарот на средина на јули Владата на Северна Македонија прогласи кризна состојба за 30 дена и побара помош преку механизмот на ЕУ во областа на цивилната заштита.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.