Балкан

Српските студенти протестираат против владата, големи демонстрации одржани низ целата земја

- Националните медиуми објави дека на повикот на студентите се приклучиле и академици, наставници и адвокати, како и вработени во јавниот сектор и на улиците настанала „човечка поплава“ долга 2-3 километри.

Lejla Biogradlija  | 24.01.2025 - Обновена : 25.01.2025
Српските студенти протестираат против владата, големи демонстрации одржани низ целата земја Фото: Филип Стевановиќ / АА

АНКАРА (АА) 

Студентите продолжуваат со протестите против владата по несреќата во која загинаа 15 лица на железничка станица во северниот српски град Нови Сад и одржаа големи демонстрации низ целата земја, известува Анадолу.

По несреќата во која 15 лица ги загубија животите кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, студенти од универзитетите, факултетите и средните училишта реагираа против владата и ги повикаа сите ширум Србија да излезат на улица.

Илјадници луѓе се собраа во градовите и населените места низ земјата, особено во главниот град Белград, и одговорија на повикот на студентите, затворајќи ги патиштата одреден период за сообраќај.

Граѓаните се собраа низ цела Србија и со 15 минутен молк им оддадоа почит на загинатите во несреќата.

Национален печат објави дека на повикот на студентите се приклучиле и академици, наставници и адвокати, како и вработени во јавниот сектор и на улиците настанала „човечка поплава“ долга 2-3 километри.

Во меѓувреме, се истакнува дека има многу полицајци на должност низ цела Србија.

Учесниците на демонстрациите во Србија бараат казна за виновниците за несреќата во која загинаа 15 лица и права за студентите кои беа нападнати во претходните демонстрации.

На демонстрациите што се одржаа во различни градови низ Србија, беа носени табли на кои пишуваше „Одговорноста е основна“ и „Земјата е наша“.


- Во исто време со демонстрациите, претседателот Вучиќ присуствуваше на митингот

Студент е повреден откако возач со автомобил влетал во толпа луѓе за време на демонстрациите во главниот град Белград. Возачот е приведен, а демонстрациите продолжија зголемувајќи се.

Илјадници луѓе се собраа во Белград и блокираа една од најважните раскрсници во градот, додека толпата подоцна маршираше до зградата на Радио и телевизија на Србија (РТС).

Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека голем број кафулиња и продавници биле затворени во главниот град, а луѓето се вклучуваат во демонстрациите.

Од друга страна, претседателот Александар Вучиќ присуствуваше на митинг одржан истовремено со демонстрациите во градот Јагодина во рамки на формирањето на „Движење на народот и државата“.

Во својот говор Вучиќ ги покани универзитетските студенти на дијалог.

Додека студентските демонстрации продолжуваат низ Србија, илјадници луѓе кои ја поддржуваат владата се собраа во Јагодина.


- Во инцидентот во Нови Сад загинаа 15 лица

Како резултат на уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, животот го загубија 15 лица, а двајца потешко повредени сѐ уште се во животна опасност.

По инцидентот, оставки поднесоа министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ.

Обвинителството спроведе истрага и приведе 11 лица, меѓу кои и министерот Весиќ.

Додека се изразени сомневања за невнимание при извршените поправки на железничката станица во 2021 година, се наведува дека полицијата испрашувала голем број луѓе во врска со инцидентот.

По несреќата, студентите кои беа лути на владата организираа демонстрации низ целата земја под слоганот „Застани Србијо“ и ги бојкотираа училиштата и наставата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.