Балкан

Турската серија што се снима во Скопје, ќе биде прикажана на 21 јуни

- Снимањето на овој турски сериски филм започна во мај во Скопје.

Aişe Hümeyra Bulovalı  | 14.06.2022 - Обновена : 15.06.2022
Турската серија што се снима во Скопје, ќе биде прикажана на 21 јуни Фото: ТРТ

СКОПЈЕ (АА) - Новата турска серија „Балканска приспивна песна“, што се снима во Скопје, ќе биде прикажана на 21 јуни на турската државна телевизија ТРТ 1, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Снимањето на овој турски сериски филм започна во мај во Скопје, а во главна улога во серијата се турските актери Емре Беј, кој го глуми ликот на Ертан, и Мерих Озтурк, која го глуми ликот на Јованка.

Останатите актери и актерки, меѓу кои се и актери и актерки од Северна Македонија, се Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Бену Шахин и Ерман Шабан.

Режисерите на овој филм се Доган Умит Караџа и Волкан Капкин, додека сценаристи се Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамит Ишик и Есма Коч.

Серијалот ќе ја раскаже љубовната приказна на двајца млади, Ертан и Јованка, од различни националности во Скопје. Ќе се раскаже нивната борба во насока на тоа во име на љубовта да го постигнат тоа што е невозможно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.