Балкан

Уапсени менаџерката на српски железници и членови на техничкиот комитет поради трагедијата во Нови Сад

- Обвинителството ги сомничи за невнимание во работата поврзана со уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 15 лица.

Senita Sehercehajic  | 24.02.2025 - Обновена : 26.02.2025
Уапсени менаџерката на српски железници и членови на техничкиот комитет поради трагедијата во Нови Сад

БЕЛГРАД (АА) - Денес се уапсени менаџерката на компанијата „Железници Србија“ и неколку членови на техничката комисија за проверка на работите на Железничката станица во Нови Сад поради трагедијата во која загинаа 15 лица, пренесува Анадолу.

Членовите на комисијата и менаџерката се осомничени за работни пропусти поврзани со уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Акцијата на Управата за криминалистичка полиција е спроведена по налог на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın