Балкан

Филипче: Ако продолжат постоечките трендови крај на епидемијата може да се прогласи во август, септември

„Соочувајќи се со овој нов бран на Делта вирусот верувам дека сите ќе станеме уште по свесни дека единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација“

Husamedin Gina  | 28.06.2021 - Обновена : 29.06.2021
Филипче: Ако продолжат постоечките трендови крај на епидемијата може да се прогласи во август, септември Фото: Husamedin Gina/AA

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, истакна дека според предвидувањата, доколку продолжат постоечките трендови на дијагностицирани случаи, крајот на епидемијата може да се прогласи некаде во месец август, можеби на почетокот на месец септември, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство, Венко Филипче, претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова, епидемиологот и универзитетски професор, Драган Даниловски и д-р. Александар Петличковски, денеска учествуваа на трибината на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ која се одржа во Скопје.

На трибината министерот Филипче, истакнувајќи дека епидемиолошката ситуација е стабилна, рече дека има многу малку новои дијагностицирани случаи на 100 илјади жители и дека болниците се практично празни. Тој додаде дека доколку се случи нов бран, болничките капацитети се спремни да интервенираат.

„За да се прогласи крај на една епидемија треба два репродуктивни циклуси од 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило некаде во месец август, можеби на почетокот на септември“, нагласи Филипче.

Тој се осврна и на процесот на вакцинација и соопшти дека заклучно со викендот вакцинирани се 300.000 илјади граѓани, а 215.000 од нив се ревакцинирани.

Потсетувајќи дека во текот на викендот се стигнати кинеските вакцини „Синовак“, Филипче рече дека во текот на утрешниот ден се започнува со дистрибуција на вакцините во сите центри низ државата и дека се спремни за динамика за вакцинирање од 10 до 15 илјади граѓани дневно.

Претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова, наведе дека дефиницијата која преставува крај на пандемијата не се вакцините туку самиот процес на вакцинација.

На трибината упатувајќи јавен апел до сите без размислување да се пријават за вакцинацијата, професорката Грозданова рече:

„Соочувајќи се со овој нов бран на Делта вирусот верувам дека сите ќе станеме уште по свесни дека единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација“.

Епидемиологот проф. д-р. Драган Даниловски истакна дека ситуацијата со коронавирусот во земјата е неочекувано, извонредно поволна.

„Тој епитет го употребувам од причина што објективните показатели кои се користат за евалуација на една епидемиолошка состојба се извонредно поволни“, рече професор Даниловски.

Тој, коментирајќи ги искуствата со делта варијантата во Велика Британија и во Израел рече дека дека 95 отсто од сите заболени лица се од категоријата невакцинирани и вакцинирани со една доза.

Даниловски, исто така, додаде дека тие кои примиле две дози, не може да се каже дека се 100 отсто заштитени, но вакцините нема да дозволат тешки симптоми и умирање.

На денешната трибина „Вакцинација и предизвици против Ковид-19“, организирана од Министерството за здравство, д-р. Александар Петличковски, одговарајќи на новинарско прашање за вакцинација на децата во пресрет на новата учебна година рече дека генерално смета дека вакцинирањето на децата е исправен пристап, бидејќи во спротивно остава еден празен простор во кој вирусот би се раширил повторно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.