Балкан

Црна Гора: Дојави за поставени бомби во училишта, судови, министерства

Исто и вчера имаше дојави за поставени бомби во Собранието, повеќето училишта и одредени институции

Ahmed Muharem  | 09.06.2023 - Обновена : 10.06.2023
Црна Гора: Дојави за поставени бомби во училишта, судови, министерства Фото: АА/Архива

ПОДГОРИЦА (АА) - Во голем број училишта низ Црна Гора и утринава пристигнаа дојави за поставени бомби, јавува Анадолу.

Освен во училиштата, дојави за поставени бомби пристигнаа и на адреси на голем број судови во Црна Гора, на министерства, медиумски куќи и институции.

Исто и вчера имаше дојави за поставени бомби во Собранието, повеќето училишта и одредени институции.

Поради дојавите за бомби, наставата во училиштата денес ќе биде организирана онлајн.

„Полицијата ги презема сите активности во своја надлежност во однос на дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции во Црна Гора. За исходот јавноста ќе биде навреме информирана“, соопштено е од полицијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın