Балкан

Црна Гора: Од почетокот на годината 19 напади и закани врз новинари и медиуми

Невладината организација Центар за граѓанско образование на Твитер објави дека имало осум напади врз новинари, седум закани преку интернет, три напади врз медиумски куќи и една закана упатена кон медиумска куќа.

AA  | 30.12.2022 - Обновена : 02.01.2023
Црна Гора: Од почетокот на годината 19 напади и закани врз новинари и медиуми Фото: Илустрација / АА

ПОДГОРИЦА (АА) - Центарот за граѓанско образование (ЦГО) оваа година забележа 19 напади и закани врз новинари и медиуми во Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).

Невладината организација на Твитер објави дека имало осум напади врз новинари, седум закани преку интернет, три напади врз медиумски куќи и една закана упатена кон медиумска куќа.

„Кога станува збор за медиумски куќи, од вкупниот број напади и закани, пет се однесуваат на Градската телевизија, четири за Радио-телевизијата на Црна Гора, четири за „Вести“ и по еден за „Беране онлајн“, „Ден“, „М портал“, „Победа“, порталот „Стандард“ и Радио-телевизија Никшиќ“, соопшти ЦГО.

Оттаму посочија дека минатата година биле регистрирани 21 напад, а годинава 19.

„Овие бројки нѐ потсетуваат дека надлежните органи мора да вложат сериозни напори за заштита на редот. Слободата на изразување е загарантирана со Уставот, а Владата на Црна Гора мора да обезбеди услови за развој на медиумскиот плурализам и слободата на медиумите“, велат од ЦГО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.