Џамијата „Куршунлу“ во Албанија го чека денот кога ќе биде реставрирана и отворена
- На џамијата, чии што османлиски гробници со недели се потопени поради поплавите предизвикани од каналите за наводнување кои се отвораат кон реките во регионот, ќе има реставраторските работи од големи размери.

СКАДАР (АА) - Џамијата „Куршунлу“ во Скадар, Албанија која датира од османлискиот период, ќе биде отворена за богослужба по нејзината реставрација од страна на Генералниот директорат на фондации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжуваат работите на џамијата „Куршунли“, која ќе биде обновена со поддршка на Генералниот директорат на фондации на Турција, во рамки на протоколот потпишан од страна на турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и министерката за култура на Албанија Елва Маргарити, за време на официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Турција во јануари 2021 година.
На џамијата, чии што османлиски гробници со недели се потопени поради поплавите предизвикани од каналите за наводнување кои се отвораат кон реките во регионот, ќе има реставраторските работи од големи размери.
На џамијата Куршунлу која е запуштена поради последиците од поплавите, ќе биде реставрирана со цел да се зачувува нејзиниот архитектонски интегритет.
Регионалната директорка на културно наследство во Скадар Бесара Подгорица за Агенција Анадолија (AA) истакна дека проектот се состои од две фази: изградба на системот за спречување на поплавување и реставрација.
Наведувајќи дека џамијата „Куршунлу“ е едно од најважните уметнички дела со историски вредности во контекст на културното наследство низ цела Албанија, Подгорица рече: „Проектот за реставрација доби зелено светло од Националниот совет за наследство. Предвидена е реставрација на дворот на џамијата и нејзината околина, системот за осветлување, реконструкција на џамијата, внатрешно и надворешно.“
Појаснувајќи дека во првата фаза ќе се изгради систем за заштита од поплави Подгорица нагласи дека работите заеднички ќе ги вршат турски и албански компании.
Истакнувајќи дека очекуваат реставраторските работи да започнат во рок од шест месеци, Подгорица нагласи дека џамијата по нејзината реставрација ќе стане туристичка дестинација во Скадар.
Изградена од Бушатли Мехмет Паша во 1773-1774 година, долги години оваа османлиска џамија служела како најголема џамија во земјата.
Сместена е на долните падини на тврдината Розава, на сливот на реките Дрини, Кир и Бојна, југоисточно од денешниот центар на градот. Џамијата е прогласена за споменик на културата во 1948 година.
Џамијата „Куршунлу“ е позиционирана поинаку од другите џамии по тоа што сѐ уште е најголемата џамија во Албанија и е единствениот пример на џамија со покриен двор.
Една од градбите која се истакнува во џамијата, која е целосно изградена од камен, е гробницата со правоаголна форма, за која се претпоставува дека е додадена подоцна.
Џамијата „Куршунлу“ претрпе одредени структурни и архитектонски промени од нејзината изградба и не се користеше за богослужба во различни периоди.
Минарето на џамијата беше уништено во 1967 година, кога религијата беше официјално забранета во Албанија. По крајот на комунистичката ера, џамијата повторно ги отвори вратите во ноември 1990 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.