спорт, Балкан

20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји

- Традиционалниот Скопски маратон го организираат Град Скопје и Мисијата на ЕУ во Скопје, а настанот е поддржан и од Министерството за спор. Натпреварот е организиран во четири трки, и тоа маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5.000 метри.

Oktaj Omeragikj  | 06.10.2024 - Обновена : 07.10.2024
20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји Фото: Умејс Сулејман

СКОПЈЕ (АА) - Низ улиците на Скопје денес се одржа 20-тото јубилејно издание на „Виз Ер Скопскиот маратон“ на кое учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, јавува Анадолу.

Традиционалниот Скопски маратон го организираат Град Скопје и Мисијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје, а настанот е поддржан и од Министерството за спорт. На „Виз Ер Скопски маратон“ се трчаа 4 трки, односно маратон, полумаратон, штафетната трка и трка на 5.000 метри.

Победник на маратонската трка на 20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ е Хилари Чемвено од Кенија, кој патеката долга 42.195 метри ја истрча за време 2:13:28.

Второто место му припадна на Кениецот Даниел Кипротич со време 2:13:53.

Најдобро време од македонските маратонци постигна Дарио Ивановски освојувајќи го третото место со време 2:16:26.

На 20. издание на „Виз Ер Скопски маратон“ во женска конкуранција победничка е Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52. Второпласирана е Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, а третото место и припадна на Вилијан Џелагат од Кенија.


Постигнати резултати во полумаратон (21 км):


машка конкуренција

1. Хусеин Чан (Туркије) - 1:05:54

2. Мурат Емектар (Туркије) - 1:06:40

3. Абдурахман Гедиклиоглу (Туркије) - 1:09:47


женска конкуранција

1. Милица Мирчева (Бугарија) - 1:15:49

2. Греша Бакрачи (Косово) - 1:21:14

3. Џули Ларсен (Норвешка) - 1:22:04


Резултати од трката на 5км:


машка конкуренција

1. Гилман Јонузи - 15:45

2. Григоријан Никовски - 15:54

3. Бојан Чаприќ - 16:16


женска конкуранција

1. Ирма Хајдари - 18:31

2. Дарија Крстевска - 19:38

3. Христина Секулоска - 20:37


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın