економија

Акциите на Тесла скокнаа по победата на Трамп на изборите

Илон Маск, сопственикот на компанијата, беше еден од најголемите поддржувачи на Трамп за време на изборната кампања

Gökhan Ergöçün  | 06.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
Акциите на Тесла скокнаа по победата на Трамп на изборите

ИСТАНБУЛ (АА) - Акциите на гигантот за електрични возила Тесла забележаа значително зголемување по изборната победа на Доналд Трамп, јавува Анадолу.

Заклучно со 16:40 часот по Гринич, цената на акциите на компанијата се зголеми за околу 13,3 отсто на 284,7 долари.

Се очекува Трамп да спроведе дополнителни царини за увезената стока, вклучително и електричните возила, особено од Кина.

Оваа ситуација ќе ја зајакне доминацијата на Тесла на американскиот пазар на електрични возила.

Илон Маск, сопственик на компанијата, беше еден од најголемите поддржувачи на Трамп за време на изборната кампања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın