свет, економија

Египет откри големи резерви на природен гас во Медитеранот

„Последното откритие е најзначајното по откривањето на резервите во гасното поле Зор пред седум години“

Gülşen Topçu  | 16.12.2022 - Обновена : 18.12.2022
Египет откри големи резерви на природен гас во Медитеранот

ИСТАНБУЛ (АА) - Египет откри големи резерви на природен гас во блокот Наргис во Источниот Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Сè уште е во тек евалуацијата со цел да се утврдат точните резерви во гасното поле“, објави весникот „Ал Ахрам“, цитирајќи го египетскиот министер за нафта, Тарек ел Мола.

„Последното откритие е најзначајното по откривањето на резервите во гасното поле Зор пред седум години“, изјави Ел Мола на брифинг пред парламентарната комисија.

Италијанската енергетска компанија „Ени“ откри резерви на природен гас во регионот Зор во близина на брегот на Египет во 2015 година.

Ел Мола рече дека деталите за количеството резерви во дупнатината ќе бидат објавени во наредните денови.

Се проценува дека во Наргис-1Х има 99 билиони кубни метри резерви на природен гас.

Наргис е еден од четирите офшор блокови во Египет во кои се вршат истражувања и каде што „Шеврон“ има оперативни интереси заедно со „Тарва петролеиум ко“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.