свет, економија

Еден од пет Грци изложен на ризик да западне во сиромаштија

Околу 1,95 милиони од 10,4 милиони граѓани, и над 740.000 од 4,05 милиони грчки домаќинства се во ризик од сиромаштија, се наведува во извештајот на ЕЛСТАТ

Ahmet Gençtürk  | 09.05.2023 - Обновена : 10.05.2023
Еден од пет Грци изложен на ризик да западне во сиромаштија

АТИНА (АА) – Скоро еден од секои пет Грци е изложен на ризик да западне во сиромаштија, се истакнува во извештајот на статистичкиот завод на Грција, ЕЛСТАТ, јавува Анадолу.

Околу 1,95 милиони од 10,4 милиони граѓани, и над 740.000 од 4,05 милиони грчки домаќинства се во ризик од сиромаштија, се наведува во извештајот на ЕЛСТАТ објавен во понеделникот.

Според извештајот, прагот на сиромаштија во земјата е 5.712 евра за домаќинство со едно лице и речиси 12.000 евра за домаќинство со двајца возрасни и две издржувани деца на возраст под 14 години.

Во извештајот се наведува дека ризикот од сиромаштија е поголем кај жените (19,4 %) отколку кај мажите (18,2 %).

Понатаму, извештајот го привлече вниманието на фактот дека над 26 отсто од населението, или приближно 2,72 милиони граѓани, се изложени на ризик од социјална исклученост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.