Инфлацијата во еврозоната се искачи на рекордни 10 отсто во септември
„Цените на енергентите, зголемени за 40,8 отсто, беа најголемиот двигател на инфлацијата овој месец, а по нив следуваат цените на храната, алкохолот и тутунот со 11,8 отсто“
ИСТАНБУЛ (АА) – Инфлацијата во еврозоната достигна двоцифрен број во септември, достигнувајќи нов рекорд од 10 отсто, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројката се искачи од 9,1 отсто во август и 3,4 отсто во септември 2021 година.
„Цените на енергентите, зголемени за 40,8 отсто, беа најголемиот двигател на инфлацијата овој месец, а по нив следуваат цените на храната, алкохолот и тутунот со 11,8 отсто“, соопшти Заводот за статистика на ЕУ „Евростат“.
Највисоки стапки на инфлација имаа Естонија (24,2 отсто), Литванија (22,5 отсто) и Латвија (22,4 отсто), а најниски стапки имаа Франција (6,2 отсто), Малта (7,3 отсто) и Финска (8,4 отсто).