Половина од Европејците се загрижени дека не можат да си ги платат сметките
Повеќе од 70 отсто од граѓаните ја намалија потрошувачката на енергија во домовите
БРИСЕЛ (АА) - Околу половина од лицата што живеат во земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се загрижени дека не можат да ги платат сметките, пренесува Анадолу.
Европската комисија ги објави резултатите од својата сеопфатна анкета насловена „Потрошувачките услови“ за навиките на потрошувачката што се спроведува на секои две години во 27 земји членки, како и во Исланд и Норвешка.
Според податоците од анкетата спроведена во октомври и ноември минатата година, приближно половина од потрошувачите во европските земји се загрижени дека не можат да ги платат сметките.
Од испитаниците, 48 отсто се загрижени поради тоа што не можат да ги платат сметките, вклучително и станбените кредити и превозот до работа.
Исто така, 37 отсто од граѓаните треба да ги користат заштедите за да ги платат сметките.
Енергетската криза во Европа негативно влијае врз граѓаните.
Поради поскапувањето на енергенсите, повеќе од половина од потрошувачите ги смениле своите навики.
Кон заштеда на енергија во домовите се насочиле 71 отсто од граѓаните.
Исто така, 28 отсто од потрошувачите ги смениле своите опции за транспорт со посоодветни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.