АНКАРА (АА) – Бројот на пристигнати странски туристи во Туркије во февруари скокна за 23 отсто во однос на минатата година и изнесува 2,3 милиони, јавува Анадолу.
Истанбул, најголемиот град по популација во Туркије, забележа најголем број странски посетители минатиот месец, 1,3 милиони, покажаа податоците на турското Министерство за култура и туризам објавени денес.
Во северозападната област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, во февруари пристигнале 268.735 странски туристи. Следува познатиот туристички град Анталија на турската ривиера со 222.720 странски посетители.
Иранците го сочинуваат најголемиот дел од странските туристи во Туркије во месец февруари со 226.104 посетители, што е двојно повеќе во споредба пред една година.
Русите заземаат второ место со 203.073 туристи, што е пад од 11 отсто во однос на минатата година.
По нив следуваат Германците со 187.946 посетители и Бугарите со 182.887 посетители.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.