АНКАРА (АА) - Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад aл Тани, денес беа потпишани осум договори меѓу двете земји, јавува Анадолу.
Двајцата лидери претседаваа со 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије - Катар во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.
По средбата се одржа церемонија на потпишување. Потпишани се осум договори, и тоа:
- Договор за соработка во областа на хуманитарната помош помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Меморандум за разбирање за соработка во областа на документи и архиви помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Меморандум за разбирање за соработка во областа на медиумите и комуникациите меѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Програма за имплементација за годините 2025 и 2026 во областа на младите и спортот помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Договор за соработка во областа на меѓународниот патен превоз на патници и стоки помеѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Декларација за намери за олеснување на трговијата меѓу Владата на Република Туркије и Владата на државата Катар;
- Договор за техничка соработка меѓу министерствата за одбрана;
- Договор за воена соработка меѓу министерствата за одбрана.
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот катарски колега, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, исто така, ја потпишаа декларацијата за 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије - Катар.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.