Турскиот министер за трговија Болат патува во Ирак со извозници и изведувачи
- Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, ќе ги посети Багдад, главниот град на Ирак и Басра. На ова патување министерот Болат е придружуван од Генералната трговска делегација и Асоцијацијата на турски изведувачи и претставници на компаниите.
АНКАРА (АА) - Според податоците добидени од Министерството за трговија на Туркије, во последно време постепено се зајакнуваат економските односи со Ирак, една од најважните земји во надворешната трговија на Туркије, известува Анадолу.
Во рамките на трговијата меѓу двете земји, министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, ќе ги посети Багдад, главниот град на Ирак и Басра на 18-19 ноември. На ова патување министерот Болат е придружуван од Генералната трговска делегација и Асоцијацијата на турски изведувачи и претставници на компаниите.
Цел на посетата е средба на турските и ирачките бизнисмени, во потрага по можности за развивање на билатералните односи. Дополнително, ќе се одржат „состаноци на тркалезна маса“ во главниот град Багдад и во Басра.
Во рамките на посетата на министерот Болат ќе се разговара за прашања за натамошно зајакнување на комерцијалните и економските врски меѓу двете земји и ќе бидат преземени иницијативи за зајакнување на улогата на турските компании во Ирак.
- Трговија и инвестиции
Министерот Болат во Багдад ќе биде примен од ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани, а ќе и оствари средби со ирачкиот министер за трговија Етир Давуд Салман Ал-Грејри и министерот за транспорт Разак Мухајбис. Во Басра закажана е средба со гувернерот на Басра, Асад Ал Идани.
Болат за време на посетата на Ирак, придружуван со широко учество на турски деловни луѓе, дополнително ќе ја зајакне трговската и инвестициската димензија во односите меѓу двете земји, кои од неодамна дополнително се развија. Посетата има за цел да ги зголеми активностите на турските изведувачи во проектите за инфраструктура и надградба на Ирак, особено во Проектот за развоен пат кој ќе го поврзе Персискиот Залив со европските земји.
- Турските изведувачи презедоа 1.111 проекти во Ирак
Во периодот јануари-октомври годинава извозот на Туркије во Ирак е зголемен за 5,3 % во однос на истиот период лани и достигна 10,8 милијарди долари. Во наведениот период увозот од Ирак е намален за 41 % и достигна 3,7 милијарди долари.
Турски компании во Ирак спроведуваат 1.111 проекти во вредност од 34,9 милијарди долари. Според оваа бројка, Ирак е трета земја во светот со најмногу проекти изведувани од турски компании.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.