економија

Цените на храната во Германија во март пораснаа за 22,3 отсто

Цените на храната во март се зголемија за 22,3 отсто на годишно ниво, дури и повисоко отколку во јануари и февруари, и трипати повеќе од вкупната стапка на инфлација.

Gökhan Ergöçün  | 13.04.2023 - Обновена : 16.04.2023
Цените на храната во Германија во март пораснаа за 22,3 отсто

БЕРЛИН (АА) - Годишната стапка на инфлација во Германија во март изнесувала 7,4 отсто, покажуваат денешните официјални податоци, пренесува Анадолу.

Рут Бренд, шефицата на Федералниот завод за статистика (Дестатис), во соопштението за јавноста објави дека годишната стапка на инфлација во јануари и февруари изнесувала 8,7 отсто.

Бренд истакна дека и покрај намалувањето на стапката, инфлацијата и понатаму е висока.

„Домаќинствата особено го почувствуваа влијанието на уште едно зголемување на цените на храната во март“, додаде таа.

Цените на храната во март се зголемија за 22,3 отсто на годишно ниво, дури и повисоко отколку во јануари и февруари, и трипати повеќе од вкупната стапка на инфлација.

Како што се наведува, јајцата поскапеле за 34,6 отсто, зеленчукот за 27,3 отсто, лебот и житата за 23,8 отсто, а производите од риба и морските плодови за 22,2 отсто.

Дестатис објави дека е забележан многу висок раст на цените на одредени прехранбени производи, па потрошувачите во март морале да платат 70,9 отсто повеќе за шеќер во однос на истиот месец минатата година.

Поскапувањето на енергенсите во март изнесувало 3,5 отсто, во февруари 19,1 отсто, додека во јануари 23,1 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.