свет, економија

Централната банка на Украина го ограничи подигнувањето готовина

„Запренa е работата на украинскиот девизен пазар, освен продажбата на девизи. Износот на подигнување готовина од банкарските сметки, исто така е ограничен на 100.000 гривни.“

Emre Gürkan Abay  | 24.02.2022 - Обновена : 25.02.2022
Централната банка на Украина го ограничи подигнувањето готовина

КИЕВ (АА) ‒ Централната банка на Украина го ограничи подигнувањето готовина, како и девизните трансакции, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Централната банка на Украина се нагласува дека во земјата е прогласена вонредна состојба.

Се наведува дека поради наведената одлука донесени се разни ограничувања на финансиските пазари.

„Запрена е работата на украинскиот девизен пазар, освен продажбата на девизи. Износот на подигнување готовина од банкарските сметки, исто така е ограничен на 100.000 гривни.“

Во соопштението е нагласено дека овие чекори се преземени за да се обезбеди стабилно функционирање на финансискиот систем на земјата и непречено функционирање на клучните институции.

Рано утрово дојде до експлозии во повеќе украински области, вклучително и во главниот град Киев, а воени возила ја преминаа границата од Белорусија во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово ја најави воената интервенција во Украина, откако во понеделникот призна независност на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина. Признавањето предизвика меѓународна осуда и најави за построги санкции кон Москва.

Путин во последните месеци собра повеќе од 100.000 руски војници околу Украина, но во повеќе наврати негираше дека планира инвазија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın