живот

Венчавка на повеќе од 700 парови на Денот на заљубените во Бангкок

- Некои од паровите во текот на церемонијата носеа традиционална тајландска облека, а голем број од нив за оваа прилика избраа кошули со ист дезен

Gorana Jakovljevic  | 14.02.2024 - Обновена : 17.02.2024
Венчавка на повеќе од 700 парови на Денот на заљубените во Бангкок Фото: Серџан Кучукшахин

БАНГКОК (АА) - Стотици парови стапија во брак за време на колективната венчавка на 14 февруари - Денот на заљубените, во Бангкок на Тајланд, известува Анадолу.

Повеќе од 700 парови учествуваа на манифестацијата организирана во дистриктот Банг Рак на денот кој на локалниот јазик се вика и Ден на љубовта.

Некои од паровите во текот на церемонијата носеа традиционална тајландска облека, а голем број од нив за оваа прилика избраа кошули со ист дезен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.