свет, живот, култура и уметност

Во Брисел отворена уникатна интерактивна изложба - Село на Штрумфовите

Со комбинација на класичниот шарм на стриповите за Штрумфовите и модерната технологија, оваа изложба овозможува ново авантуристичко доживување

Aida Cako  | 25.10.2024 - Обновена : 27.10.2024
Во Брисел отворена уникатна интерактивна изложба - Село на Штрумфовите Фото: Dursun Aydemir/АА

БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, Белгија, на 65-годишнината од Штрумфовите, е отворена уникатна интерактивна изложба – Село на Штрумфовите, јавува Анадолу.

Изложбата нуди забавни активности, игри и модели на селото на Штрумфовите во природна големина, овозможувајќи им на посетителите да ги истражат нивните домови во облик на печурка, да се сретнат со ликовите и да учествуваат во активности за сите возрасти.

Со комбинација на класичниот шарм на стриповите за Штрумфовите и модерната технологија, оваа изложба овозможува ново авантуристичко доживување.

Благодарение на 3Д-проекциите и очилата за виртуелна реалност, посетителите можат да „летаат“ со штркот и да истражуваат девет тематски зони.

Авантурата трае околу 75 минути и е незаборавна за сите кои сакаат да се вратат во магичниот свет на Штрумфовите.

Штрумфовите, создадени од белгискиот карикатурист Пејо (Пјер Кулифор), за прв пат беа претставени во 1958 година и оттогаш стекнаа глобална популарност.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın