живот

Глувците станаа ноќна мора во Њујорк

- Според најновите податоци, бројката на забележување глувци во градот е зголемена за 70 % во однос на истиот период пред две години

Gorana Jakovljevic  | 21.10.2022 - Обновена : 22.10.2022
Глувците станаа ноќна мора во Њујорк Фото: Локман Вурал Елибол / АА

ЊУЈОРК (АА) - Во американскиот град Њујорк граѓаните сѐ почесто пријавуваат глувци кои слободно се шетаат по улиците на метрополата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Американската метропола со околу 9 милиони жители со години има мака со глодачите кои често се преносители на заразни вируси и болести.

Според најновите податоци, бројката на забележување глувци во градот е зголемена за 70 отсто во однос на истиот период пред две години. Пријавени се вкупно 21.500 воочувања на глувци.

Екипата на АА регистрира собирање и движење на глувци по улиците на Њујорк. Забележано е дека овие животни се навикнале на животот во градот и не покажуваат никакви знаци на страв од луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın