Дебелиот мачор Симба од Туркије губи килограми со пилатес
Симба за кратко време се здебелил поради прекумерно консумирање храна и недостиг на физичка активност

АНКАРА (АА) – Мачорот Симба, кој достигна тежина од 9 килограми поради неправилна исхрана и неактивност, започна програма за слабеење преку пилатес и пливање во базен во главниот град на Туркије, Анкара, јавува Анадолу.
Симба за кратко време се здебелил поради прекумерно консумирање храна и недостиг на физичка активност.
Неговите сопственици одлучиле да му помогнат да ја врати својата форма со специфична програма во која се вклучени вежби за истегнување и зајакнување на мускулите, како и пливање, кое се смета за една од најефикасните физички активности за согорување калории.
Во рамките на програмата мачорот редовно вежба пилатес со помош на специјални топки и нежни движења што му ги подобруваат метаболизмот и флексибилноста на телото.
Експертите истакнуваат дека прекумерната тежина кај домашните миленици може да предизвика здравствени проблеми, како што се дијабетес, срцеви заболувања и проблеми со движењето, па затоа е важно да се одржува нивната физичка активност и да се користи правилна исхрана.