свет, живот

Зимска бајка во Полска: Најголем лавиринт во светот и масивни снежни скулптури

Сноуландија е изградена пред неколку години како зимски тематски парк за забава на туристите и посетителите во Закопане

Alma Dekovic  | 16.01.2024 - Обновена : 17.01.2024
Зимска бајка во Полска: Најголем лавиринт во светот и масивни снежни скулптури

ЗАКОПАНЕ (АА) - Најголемиот снежен лавиринт во светот, лоциран во полскиот град Закопане, годинава пречекува многу посетители со низа нови атракции, јавува Анадолу.

Лавиринтот е изграден во 2015 и 2016 година на површина од 2.500 квадратни метри. Потоа капацитетот беше зголемен на 3.000 квадратни метри.

Граѓаните и туристите во голем број ја посетуваат оваа атракција. Оваа година во содржината има и иглу исполнето со снежни скулптури на светски познати цртани ликови.

Сноуландија е изградена пред неколку години како зимски тематски парк за забава на туристите и посетителите во Закопане.

Паркот се наоѓа под меѓународната ски-скокалница позната како „Виелка Крокиев“. Сноуландија е затворена кога се одржуваат натпревари во скијачки скокови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın