живот

Истражување: Брзото одење значително покорисно од едноставно броењето само чекори

- Студија на Универзитетот во Сиднеј и Универзитетот во Јужна Данска покажа дека придобивките од брзото одење ги надминуваат придобивките од едноставното броење само на чекорите.

Mehmet Alaca  | 14.09.2022 - Обновена : 21.09.2022
Истражување: Брзото одење значително покорисно од едноставно броењето само чекори

АНКАРА (АА) – Откриено е дека одењето 10.000 чекори дневно и тоа брзо, има големи придобивки и може да помогне да се намали ризикот од деменција, срцеви заболувања, рак и смрт, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите во „Пејн енд лејкс“ (Pine and Lakes), студија на Универзитетот во Сиднеј и Универзитетот во Јужна Данска покажа дека придобивките од брзото одење ги надминуваат придобивките од едноставното броење само на чекорите.

Истражувачите ги анализирале податоците за активноста и здравјето на 78.500 возрасни лица во одреден период.

Истражувањето покажа дека оние кои одат побрзо имаат значително поголема корист од оние кои едноставно ги бројат само чекорите.

Одењето 10.000 чекори дневно и тоа брзо, има големи придобивки и може да помогне да се намали ризикот од деменција, срцеви заболувања, рак и смрт

Д-р Метју Ахмади од Универзитетот во Сиднеј истакна: „Лекцијата од истражувањето е дека за да се зачува здравјето, идеално, луѓето треба да имаат за цел да изодат 10.000 чекори дневно, и тоа брзо.“

Истражувањето е објавено во списанијата „ЏАМА Интернл медисин“ (JAMA Internal Medicine) и „ЏАМА Неуролоџи“ (JAMA Neurology).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.