живот

Културен фестивал на племето Маа во Националниот резерват Самбуру во Кенија

- Фестивалот го истакнува уникатното културно наследство на племињата во овој регион, каде што добитокот – крави, овци, кози и камили – е суштински дел од нивниот начин на живот.

Aida Cako  | 08.11.2024 - Обновена : 09.11.2024
Културен фестивал на племето Маа во Националниот резерват Самбуру во Кенија Фото: Џералд Андерсон

САМБУРУ (АА) – Локалните жители од заедницата Маа во регионот Самбуру, северна Кенија, изведоа традиционални танци облечени во автентична облека и накит за време на Културниот фестивал што се одржа во Националниот резерват Самбуру, јавува Анадолу.

Фестивалот го истакнува уникатното културно наследство на племињата во овој регион, каде што добитокот – крави, овци, кози и камили – е суштински дел од нивниот начин на живот.

Традиционалната облека на племето Маа, украсена со впечатливи бои и уникатен накит, се носи како знак на гордост и идентификација на припадноста кон заедницата.

Фоторепортерот на АА направи фотографии од луѓето кои за време на Фестивалот со радост ги изведоа своите танци и пејачки изведби, привлекувајќи внимание од локалните жители и посетителите, кои беа сведоци на богатата културна традиција.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın