живот

Лусил Рандон, најстарата личност на светот, почина на 118-годишна возраст

- Службениците во Домот за стари лица во Тулон, на југот на Франција, каде што престојувала најстарата личност на светот, изјавиле дека калуѓерката Рандон починала во својот кревет.

Alaattin Doğru  | 18.01.2023 - Обновена : 19.01.2023
Лусил Рандон, најстарата личност на светот, почина на 118-годишна возраст Фото: Илустрација / АА

ПАРИЗ (АА) - Најстарата личност на светот, 118-годишната француска калуѓерка Лусил Рандон, почина вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што објавија француските медиуми, службениците во Домот за стари лица во Тулон, на југот на Франција, каде што престојувала, изјавиле дека калуѓерката Рандон починала во својот кревет.

Од Домот за стари лица велат дека се ожалостени поради смртта на калуѓерката Рандон, додавајќи дека и самата долго време ја посакувала смртта.

Веќе долго време била речиси целосно слепа и во инвалидска количка.

Лусил Рандон е родена во февруари 1904 година.

Таа ја носеше титулата најстара личност во светот од 25 април минатата година, а на почетокот на 2021 година дури и го преживеа Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.