живот

Мајсторите од сириски Идлиб ја продолжуваат вековнатa традиција на грнчарство

- До пред неколку години во селото имало над 40 работилници во кои работеле 1.500 луѓе. Производите изработени во работилниците најмногу се извезувани во заливските и европските земји

Ahmet Karaahmet, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 09.10.2022 - Обновена : 16.10.2022
Мајсторите од сириски Идлиб ја продолжуваат вековнатa традиција на грнчарство Фото: Мухамед Саид / АА

ИДЛИБ (АА)

- Ахмет КАРААХМЕТ / Мехмет Бурак КАРАЏАОГЛУ


Во селото Ерменаз во провинцијата Идлиб, сместена во северозападниот дел на Сирија, старата традиција на грнчарство работена со автентични методи ја одржуваат мал број мајстори, пишува Агенција Анадолија (АА).

Стотици години жителите на селото Ерменаз се обидуваат да го пренесат знаењето на следните генерации, но и да остварат приход од грнчарството, изработувајќи грнци, потоа снопови и минијатурни украси за домот.

Мајсторите мешаат „бела“ и „црвена“ земја, што ја наоѓаат на посебни места и ја претвораат во кал. Калта ја моделираат и откако ќе ја добијат посакуваната форма, изработениот предмет го печат во посебни печки.

Ерменаз е познат како центар на грнчарските работилници во регионот. Според сведоштвата на локалното население, традицијата на грнчарството датира уште од римско време.

До пред неколку години во селото имало над 40 работилници во кои работеле 1.500 луѓе. Производите изработени во работилниците најмногу се извезувани во заливските и европските земји.

Меѓутоа поради граѓанската војна во земјата што трае повеќе од 11 години, прекинат е извозот, што доведе и до затворање на работилниците.

Во моментов само мал број грнчарски работилници изработуваат производи за домашниот пазар, но само по нарачка.

Мајсторот Мустафа Ебурис од селото Ерменаз, за АА изјави дека жителите на селото се занимаваат со уметноста на керамика и стакло стотици години.

Ебурис рече дека занаетот го научил од својот татко.

„Мојот дедо му го пренел занаетот на мојот татко, а татко ми ме научи мене. И јас го учам својот син. Мојот син ги направи сите производи што ги гледате. Јас произведувам по 200 парчиња на ден. Да имам извоз во странство, би можел да произведувам повеќе од 1.000“, раскажа Ебурис.

Како што рече, порано имало околу 40 работилници, а сега се активни само пет.

„Порано работеле повеќе од 1.000 луѓе, а сега секоја работилница вработува по еден работник“, појасни Ебурис.

Мајсторот Ебурис напомена дека трговијата со грнчарството престанала по започнувањето на граѓанската војна во Сирија.

„Немаме извоз во странски земји. Занаетчиите ја напуштија земјата и избегаа во други земји“, рече Ебурис.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.