Најстарата машка панда на светот почина на 35 години
- Најстарата машка панда на светот почина во Зоолошката градина на Забавниот парк во Хонгконг, каде што живееше 23 години
ПЕКИНГ (АА) - Најстарата машка панда на светот почина во Зоолошката градина на Забавниот парк во Хонгконг, каде што живееше 23 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Службениците на паркот соопштија дека машка панда по име Ан Ан почина на 35 години.
Во соопштението се наведува дека на пандата три недели ѝ се влошувала здравствената состојба и не можела да јаде цврста храна. Затоа ветеринарите, за да спречат понатамошно страдање, ја успале со лекови.
Се нагласува дека пандата страдала од висок холестерол, што е вообичаено во напредната возраст на расата.
Во 1999 година, кога Ан Ан имал 12 години, Кина на специјалниот административен регион Хонгконг му подарила женска панда по име Џиа Џиа.
Пандата Џиа Џиа, која почина во 2016 година на 38-годишна возраст, беше најстарата женка панда која живеела под надзор.
Власта на Пекинг му подари уште еден пар панди со имиња Јинг Јинг и Ле Ле, на регионот во 2007 година, за време на прославата на 10-годишнината од предавањето на Хонгконг на Кина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.