живот

Семејство, љубители на велосипедизмот, прошета 11 земји за 8 месеци

- Кјара Канчијани: „Турција ни е најомилена меѓу земјите што ги посетивме. Луѓето се прекрасни и дарежливи. Секој ден сретнуваме луѓе кои им нудат чај или нешто на децата. Сигурни сме дека повторно ќе се вратиме во Турција.“

Özgün Tiran  | 23.04.2022 - Обновена : 25.04.2022
Семејство, љубители на велосипедизмот, прошета 11 земји за 8 месеци Фото: Озѓун Тиран / АА

КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Членовите на семејството Валин, кои од Италија тргнаа на пат со велосипед, во текот на своето патување имаа можност да видат нови места и да спортуваат, известува Агенција Анадолија (АА).

Мајката Кјара Канчијани (43), нејзиниот сопруг, Французинот Реми Валин (42) и децата Томас (11), Романе (9) и Елизе (6) тргнаа на велосипедска тура од Италија пред околу 8 месеци.

Семејството пристигна во Турција минувајќи ги Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Грција, со велосипед замина за Иран, Дубаи и Аман, а во Шри Ланка со авион.

Кон Непал, нивната следна дестинација, членовите на семејството Валин продолжија со велосипеди, од каде што тргнаа назад. Ова семејство на враќање остана 3 дена во Велосипедската академија „Јилдизлар“ во местото Лулебургаз, во турската област Киркларели.

Семејството, кое тука ги сервисираше своите велосипеди, рече дека одвојуваат по околу 3 часа дневно за образование на своите деца.

Реми Валин, кој одвреме-навреме на членовите на семејството им свири на укулеле, во текот на денот ги изведе децата на прошетка.


– „Турција ни е најомилена меѓу земјите што ги посетивме“

Кјара Канчијани за Агенција Анадолија (AA) изјави дека многу сакаат да патуваат со велосипед.

Раскажувајќи дека таа и нејзиниот сопруг се запознале на велосипедска тура пред околу 20 години, Канчијани рече дека решиле да одат на велосипедска тура откако добиле три деца.

Истакнувајќи дека за првпат со семејството тргнале на толку долго патување со велосипед и дека патувале низ 11 земји, Канчијани изјави: „На пат тргнавме минатиот август. Патуваме околу 8 месеци, ни остануваат уште 3 месеци да се вратиме дома. На почетокот правевме по 30 километри дневно, сега вртиме педали 50-60 километри на ден. Јас, мојот сопруг, Томас и Романе можеме да возиме велосипед, а Елизе патува со мене.“

Нагласувајќи дека возењето велосипед е многу едноставно и пријатно, Канчијани продолжи со зборовите:

„Можеме да останеме каде ќе посакаме. Стануваме во 7:00 часот наутро на местата каде што престојуваме, а потоа започнуваат часовите за настава. Оваа година јас и мојот сопруг сме учители на нашите деца. Предаваме француски и математика, а потоа тргнуваме на пат. При нормални услови возиме 4-5 часа дневно. Наутро возиме 3 часа и уште 2 часа попладне. Многу сме среќни кога ќе пристигнеме на зададената дестинација, бидејќи децата играат игри и уживаат на местото каде што пристигнуваме.“

Зборувајќи дека многу ја сакаат Турција, Канчијани рече: „Турција ни е најомилена меѓу земјите што ги посетивме. Луѓето се прекрасни и дарежливи. Секој ден сретнуваме луѓе кои им нудат чај или нешто на децата. Бевме на многу места во Турција, меѓу кои е и Кападокија. Сигурни сме дека повторно ќе се вратиме во Турција.“


– „Штедевме 10 години за ова патување“

Реми Валин рече дека 10 години штеделе пари за да можат да тргнат на ова патување.

Раскажувајќи дека се занимава со производство на опрема за хендикепирани лица во Италија, Валин продолжи со зборовите: „Тешко беше да се одлучиме да го напуштиме домот и да тргнеме на едногодишно патување. Кога тргнавме на патувањето, секој ден многу лесно минуваше. Се запознавме со нови луѓе, откривме нови места.“

Зборувајќи дека многу ја засакале Турција, Валин рече дека почнале да прават планови повторно да ја посетат.

Синот Томас Валин рече дека е многу среќен што патува со велосипед, што заедно со брат му и сестра му запознаваат нови луѓе во секоја земја што ќе ја посетат, играат игри и учат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın